Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Вардарки по продолжение триумфираа кај МНА Кожувчанка

КОШАРКА! Вардарки по продолжение триумфираа кај МНА Кожувчанка

Викендов во рамки на 8.коло во Женската прва кошаркарска лига нашите црвено-црни девојки гостуваа во Кавадарци кај екипата на МНА Кожувчанка. Нашите девојки триумфираа после продолженија со 60-68.

Девојките неодиграа како што очекуваа, почна лошо и се мачеа во текот на мечот. “Емоционалната испразнетост““ од купот зема данок сепак нашите девојки беа доволно умешни да го завршат мечот по 40 минути со реми. По крајот на четвртиот период резултатот беше 56-56. Во продолжение вардарки беа далеку поуспешни и им го нанесоа “конечниот удар“ триумфирајќи со 60-68. Избраничките на Бране Андриевски се во серија од седум победи по ред во лигата со кои се зацврстија на втората позиција од лигата со 15 бода.

Табела по 8.кола Прва женска лига!

Табела по 8.кола Прва женска лига!

Во следното 9.коло ЖКК Вардар е домаќин на екипата на Струга 2009. Мечот кој ќе се игра во малата сала во спортскиот центар “Кале“  е закажан за во сабота на 4-ти март.