Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Ангела Тодоровска: Ова беше мојот најдобар натпревар после повредата и максимално ја искористив секоја пружена шанса

Ангела Тодоровска: Ова беше мојот најдобар натпревар после повредата и максимално ја искористив секоја пружена шанса

Младиот состав на ЖРК Вардар СЦЈС со победа го започна пролетниот дел во најсилната супер лига. Подобар почеток и неможевме да посакаме со оглед дека триумфиравме на гостувањето во Автокоманда, против најголемиот ривал за второто место на крајот од сезоната. Избраничките на Симе Симовски му вратија на Металург за двата порази во првиот дел од сезоната и сега славеа на гостувањето во Автокоманда со резултат 24:26. Во најголем дел од натпреварот младите Вардарки имаа водство, кое беше актуелно и на полувреме (9:12). Едни од најзаслужните за победата беа Тодоровска и Трпковска со по 7 голови, додека голманот Петковска имаше 14 одбрани. Впечатоците од победата за нашиот сајт ги сподели Ангела Тодоровска која изјави:

-Одигравме натпревар во кој немавме право да си дозволиме лоша игра. Влеговме мотивирано од самиот почеток, со мирен напад и се разбира многу појака одбрана. Оваа победа покажува дека двата порази се една наша голема грешка, која се надевам дека ќе ја поправиме уште подобро на наредниот натпревар во ”Jaнe Сандански”.

Најдобриот играч на Вардарки од минатата сезона Ангела Тодоровска полека се враќа после паузата од повредата која ја имаше. Се очекува повторно да биде лидер на својот тим, а тоа најдобро го покажа на последното гостување во Автокоманда.

-За мене ова беше најдобриот натпревар после повредата и максимално ја искористив секоја пружена шанса. Очекувам да продолжиме со добрите игри и секако победите во супер-лигата. Очекувањата се исти како минатата сезона да го освоиме второто место и да се пласираме на завршниот турнир во купот на Македонија.

Звонко Ивановски