Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мечкаровски ќе го суди 1/2фин. во Купот Вардар-Шкендија кое се игра во среда
Мечкаровски ќе го суди 1/2фин. во Купот Вардар-Шкендија кое се игра во среда

Мечкаровски ќе го суди 1/2фин. во Купот Вардар-Шкендија кое се игра во среда

Веќе во среда не очекува нова битка со Шкендија овојпат во Купот на Македонија. Денес Фудбалската федерација на Македонија  ги одреди арбитрите, кои ќе ја делат правдата на полуфиналните натпревари од Купот на Македонија закажани за во среда.

Димитар Мечкаровски ќе го суди  дербито на двата црвено-црни состави кое ќе се одигра  на „Телеком Арената“. Првите полуфинални мечеви од најмасовното натпреварување ќе  се играат оваа среда со почеток од 14-00 часот, апак реваншите се закажани за 19 април.