Екипата на РК Вардар стигна до нова победа во лигата на шампионите, со која се врати на првото место во најсилната група. По четврти пат сезонава ја победивме екипата на Целје, втор пат во лигата на шампиони. Вардарци имаа постојано водство во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено стигнаа до победа. Конечниот резултат гласеше 35:30. Најдобар стрелец беше Алекс Душебаев со 8, додека Тимур Дибиорв додаде 6 погодоци. До крајот на групната фаза остануваат уште два натпревари за играње.
Погледнето го видето со најинтересните моменти од овој натпревар