Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > По максималната победа во Штип, ОК Вардар е на чекор од 1/2-финалето во Купот
По максималната победа во Штип, ОК Вардар е на чекор од 1/2-финалето во Купот

По максималната победа во Штип, ОК Вардар е на чекор од 1/2-финалето во Купот

Одбојкарите на Вардар се на чекор до пласман во полуфиналето од Купот на Македонија откако вечера лесно славеа на првиот четвртфинален натпревар против УГД Штип со 0-3 во сетови.

„Црвено-црните“ доминантно влегоа во мечот и го добија првиот сет со 19-25, а во вториот сет „вардарци“ одиграа уште подобро, триумфирајќи со убедливи 13-25. Штипјани најголем отпор дадоа во третиот дел од мечот, но Вардар успеа да го добие и тој сет со минимални 24-26, експресно завршувајќи ја работата на овој натпревар.

Реванш-натпреварот е закажан за среда, а во договор на двата клуба и тој натпревар ќе биде одигран во Штип. Претходно, веќе в понеделник нашиот тим го очекува дерби-дуелот од Првата лига против шампионот Струмица.