Од утре со тренинзи стартува и Академијата на фудбалскиот клуб Вардар. Што се однесува до раководството, тоа останува исто од изминатиов период. Ѓорѓи Христов останува на функцијата директор на школата, додека координатор и понатаму ќе биде Сашо Милошевски.
Што се однесува до тренерите кои ќе ги водат генерациите до крајот на сезоната, познати се истите.
Филип Ивановски ( генерации 2002 и 2003)
Сашо Тодоровски ( генерации 2004 и 2005)
Драган Стефановски ( генерации 2006 и 2007)
Милан Коцески ( генерации 2008 и 2009)
Бобан Андоновски ( генерации 2010 и 2011)
Зоран Петковски ( генерации 2012 и 2013)
Сашо Милошевски ( генерации 2014 и 2015)
Тренер на голмани во младинската школа ќе биде Бојан Димковски, додека кондиционен тренер е Саше Голубиќ. Утре, генерациите ќе го имаат својот прв собир во новата година.