Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар водеше на полувреме, но на крајот загуби од Пик Сегед
Вардар водеше на полувреме, но на крајот загуби од Пик Сегед

Вардар водеше на полувреме, но на крајот загуби од Пик Сегед

Вардар за прв пат загуби на домашен терен од екипата на Пик Сегед. Во еден борбен и квалитетен натпревар, сепак на крајот противникот од Унгарија ги освои бодовите.

Вардар го одигра најдоброто прво полувреме оваа сезона во Лигата на Шампионите. Откако по првите пет минути се играше гол за гол на двете страни, екипата на Пик Сегед беше првата која се одлепи на три гола разлика, резултатот по 9 минути игра беше 2:5. Сепак момците на Алушовски заиграа многу подобро до крајот на првото полувреме. Овој натпревар го започнавме без класичен десен бек, односно Чупиќ доби шанса на таа позиција пред Вујин, додека на лев бек беше повратникот во тимот Кристијан Дисингер. Полека ја топевме предноста на противникот, најпрво со прекрасниот гол на Дисингер кој сигурно ќе се најде во ТОП-5 најдобри погодоци, го намаливме резултатот на само еден гол, додека Јотиќ на средина на првиот дел донесе израмнување на 7:7. До првата предност нашиот тим стигна во 20 минута кога погоди Дибиров во контра напад за 11:10, додека откако Ристовски одбрани на својот гол, ново водство ни донесе и Чупиќ. Игравме цврсто во одбраната, додека во нападот одевме мирно и на сигурна реализација. Ристовски се запишува во листата на стрелци погодувајќи од својот гол, додека Дибиров од својата позиција погоди за 15:12 во 28 минута. До крајот на првиот дел, Пик Сегед го намали резултатот на 15:13.

150094744_10160282121760348_3319982776324939622_o

По седум минути игра, Вардар ја одржува разликата од три гола, Алушовски продолжи со истата постава и во вториот дел од мечот, што засега му носи резултат. Јотиќ е расположен за игра, со неговиот шестти гол поведуваме со 20:17, играме многу трпеливо во нападот и смирено. Пик Сегед се врати во игра кога постигнаа три голови во серија и израмнија на 20:20 во 45 минута. Дибиров промаши пенал, додека Кањелас донесе водство за гостинот од 21:22. Валчак го израмни резултатот, а на нашиот гол застана Кантегрел кој веднаш ја забележа првата одбрана. Влеговме во завршница на мечот во која Сегед се одлепи на два гола разлика, откако Чупиќ не реализираше удар од седум метри. Остана уште малку до крајот на дуелот, противниот ја зачува предноста за триумф со резултат 26:28.

Дибиров и Јотиќ постигнаа по 6 голови, додека Валчак имаше 4 погодоци.