Вардарци вечерва беа поразени од екипата на Пик Сегед, на натпревар во рамките на групната фаза во ЛШ. Иако на моменти имавме предност и од три голови, сепак во завршните десет минути екипата на Сегед се покажа како посконцентриран тим и на крајот славеше триумф со резултат 26:28.
После завршување на натпреварот своите изјави ги дадоа тренерот Алушовски и играчот Георгиевски
„Најпрво, сакам да му честитам на тимот на ПИК Сегед за двата важни бода, овие бодови беа важни и за нас. Сакам да им честитам на играчите кои дадоа се од себе. Го одигравме можеби најдобриот меч оваа сезона. Јас сум малку тажен затоа што загубивме, ама сум среќен затоа што одиме во една добра насока со тимот. Се трудиме да бидеме секогаш фокусирани и спремни на сите предизвици. Сегед е една извонредна екипа која секоја година се бори за Ф4. Промашивме во клучните моменти ако не се лажам три пенали и една или две контри и овој натпревар можеше да заврши во наша корист. Меѓутоа што е, тука е, честитки на Сегед во следните натпревари, изјави Алушовски.
Честитки за ПИК Сегед. Ова беше многу тежок меч. Игравме добро, посебно во првиот дел. Одбраната и нападот функционираа. Во вториот дел противникот ја поправи играта, а во последните десет минути промашивме шутеви, загубивме концентрација и тие победија. Но, ова е спорт, сега гледаме на следниот меч за неколку дена и се надевам дека ќе бидеме подобри и дека ќе победиме“, истакна Георгиевски.