Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар лесно со 18 Август, повторно блесок на дуото Влаќевски-Димитровски, грбот им го “чуваше“ Донковски
КУГЛАЊЕ! Вардар лесно со 18 Август, повторно блесок на дуото Влаќевски-Димитровски, грбот им го “чуваше“ Донковски

КУГЛАЊЕ! Вардар лесно со 18 Август, повторно блесок на дуото Влаќевски-Димитровски, грбот им го “чуваше“ Донковски

Викендов на програмата беше четвртото коло во Македонската кугларска лига, во истото по две гостување поред на кој остваривме две победи  бевме домаќини. На дуелот кој се одигра во кугларницата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар-Скопје ја пречекавме екипата на КК 18 Август 2016. Избраниците на Драги Димитровски повторно и ова коло триумфираа со високи 7-1 покажувајќи кој се во македонското куглање.

Во мечот со КК 18 Август бевме фаворити, со овој противник лани двапати во МКЛ остварувавме релативно лесни победи. Вардар го доби дуелот со 7-1, соборувајќи 3386 “дрва“. Нашиот противник имаше 181 “соборено дрво“ помалку од нас, односно мечот го заврши со скор од 3205. Во “сетови“ победивме со 17.5 наспроти 6.5 на нашиот противник. По едно коло она во Битола кога не беа на позициите 1-2 повторно дуото Влаќевски-Димитровски беа најдоминантни кај нас. Влаќевски Бојан забележа резултат над 600, тој мечот го заврши со 611 “соборени дрва“. Неговиот партнер од двоецот на вардарци Димитар Димитровски имаше одлични 596. На “позицијата три“ повторно грбот им го чуваше Младен Донковски кој оствари високи 578. Четврто пласиран во нашиот црвено-црн тим беше најдобриот од последниот меч највозрасниот играч на  КК Вардар, Миле Димковски со 542 “соборени дрва„. Петто пласиран беше Бранко Митиќ со 532, а шесторката ја заокружува Дарко Димитровски кој собори 527 “дрва“. Вардар дојде до третата последователна победа, со која се зацврсти на втората позиција во МКЛ со 6 бода, зад  КК Макпетрол кој има 8 и пред КК ГТЦ Мусандра кој има 4 бода во досегашните кола.

14910480_920044234764180_5760170408399753200_n

ТАБЕЛА МКЛ ПО ОДИГРАНИ 4.КОЛА!

Во следното петто, воедно и последно коло од првиот круг во МКЛ се сретнуваме со   КК Империал Тобако ТКС. Во овој меч сме повторно “условно гости“ во кугларницата Мусандра. Дуелот ќе се игра во сабота на 19/11/2016 по еднонеделната пауза која следува овој викенд. Дуелот ќе почне во 10-00 часот.