Во четвртото коло од женскиот сегмент на ЕХФ Лигата на шампионите, Вардар релативно лесно и убедливо ја совлада Астраханочка во С.Ц “Јане Сандански“. Ние триумфиравме со 39-25, во мечот на кој дебитираше како прв тренер шпанецот Давид Дејвис Камара.
Нашите девојки од ЕХФ ТВ добија две признанија по ова коло. Црногорското крилото Јованка Радичевиќ се најде помеѓу трите ѕвезди на колото. Покрај неа во изборот се и Морк од Ѓер од Лисијано од Мец. Радичевиќ беше брилијантна, постигна 9 гола и беше лидер во триумфот, видеото од изборот може да го погледнете- Овде Големото засилување за нашиот тим на голманската позиција бразилката Мајса Песоа имаше неколку одлични интервенции. Една од нив беше избрана за најдобра во ова коло, истата може да ја поледнете Тука