Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Шампионот Бадел на “колена“ пред ЖКК Вардар, Деловска: Победи нашиот тимски дух
Шампионот Бадел на “колена“ пред ЖКК Вардар, Деловска: Победи нашиот тимски дух

Шампионот Бадел на “колена“ пред ЖКК Вардар, Деловска: Победи нашиот тимски дух

Вчера во Женската Прва кошаркарска лига се одигра дербито помеѓу шампионот Бадел 1862 и вице-првакот и Куп шампион нашиот ЖКК Вардар. Сино-жолтите беа домаќини на оваа средба, сепак нашите дeвојки покажаа карактер и на туѓ терен победија.

Лошо отворивме,  потоа се консолидиравме и успеавме да заминеме на полувреме со предност. Девојките на Жаклина Стојановка покажаа дека апсолутно го заслужуваат првото место на табелата на кое се наоѓаат во моментот. Дојдовме до победа со 14.поена разлика, односно триумф со резутат 63 – 77. За оваа победа за нашиот сајт капитенот на тимот Симона Деловска кратко ни изјави:

-Започнавме лошо, отвoривме онака како што не сакавме. Сепак за разлика од првата меѓусебна средба со овој ривал успеавме да се вратиме во игра и да наметнеме свој ритам што ни донесе победа на овој натпревар. Во дуелот имавме грешки, сепак одлично одигравме во глобала. Добрата игра во одбраната пред се и нашиот тимски дух ни ја донесе радоста- завршува капитенката на црвено-црниот тим.