Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Slider > (ВИДЕО) Летонскиот „џин“ е МВП на завршниот турнир во СЕХА-лигата
(ВИДЕО) Летонскиот „џин“ е МВП на завршниот турнир во СЕХА-лигата

(ВИДЕО) Летонскиот „џин“ е МВП на завршниот турнир во СЕХА-лигата

Вардар успеа да го одбрани трофејот во СЕХА-лигата, со победата во големото финале против екипата на ППД Загреб, славејќи со резултат 23:26. По одигрување на големото финале, беше прогласен најдобриот тим на овој Ф4 турнир, како и најкорисниот играч. Признанието за МВП заврши во рацете на летонскиот „џин“ Даинис Кристопанс кој одигра одлични два натпревари и беше предводник во нашиот напад. Во финалниот дуел, летонецот беше наш најдобар стрелец со 7 постигнати голови.