Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Завировски и Јакимовски ја поделија победата во Кавадарци

АТЛЕТИКА! Завировски и Јакимовски ја поделија победата во Кавадарци

Во градот Кавадарци се одржа меѓународна трка Born to Run во три дисциплини: 3км, 5км и 10км. На трката на 10км настапи Вардарецот младиот надежен црвено-црн атлетичар Петре Завировски. Тој оствари одличен успех на истата каде финишираше како победник.

Покрај тоа што патеката беше подолга 600 метри сепак најбрзата 10ка во Кариерата ја истрча младиот  атлетичар Петре Завировски. Неговото време беше 35минути и 10секунди. Во братски финиш со ветеранот Игор Јакимоски убедливо ја поделија победата. Ова е прва трка во есенскиот дел од сезоната за Вардарецот кој покажа одлични перформанси. Следна негова трка е City Park Night 21‘ полумаратонска трка која ќе се одржи на 10 Септември во градскиот парк во Скопје, на која лани Завировски беше второпласиран и одлично истрча. Инаку на трката во Кавадарци покрај Македонските настапија атлетичари од Белгија, Велс (Велика Британија), Естонија, Јордан, Русија, Шпанија, САД.