Вардар однесе повеќе од убедлива победа над Брегалница. Момците на Гоце Седлоски остварија триумф со “петарда“ во мрежата на Кобетиќ, екс голманот на скопкските црвено-црни. По еден гол на овој натпревар постигнаа црногорските интернационалци во нашиот состав Којашевиќ и Мијушковиќ, кои покажаа дека повиците за нивната репрезенација се плод на одличната игра во ФК Вардар. Голем плус кај нас е тоа што видовме дека имаме екстра напаѓач во бразилецот Боарето.
Бразилскиот интернационалец покажа дека е вистинско засилување, тој постигна „хет-трик” и изби на првото место на стрелците. Вардар со овие нови три бода дојде до 10 вкупно, со кои ја дели лидерската позиција со ФК Пелистер во пресред на паузата која ќе трае се до 11-ти септември поради репрезентативни термини. Иако сите мечеви во лигата не се одиграни, расплетот по нивното завршување нема да може да го симне црвено-црниот тим од врвот се до паузата. Се надеваме дека сега одкако стигнавме на врвот ќе го задржиме се до последното коло и ќе ја славиме титулата како и изминатата година. Следен наш противник во ПМФЛ е екипата на Македонија Ѓорче Петров, кај неа гостуваме во следното петто коло од домашниот шампионат.