Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар со добар настап на турнирот во Бих, искусниот Миле Димковски најистакнат

КУГЛАЊЕ! Вардар со добар настап на турнирот во Бих, искусниот Миле Димковски најистакнат

Кугларите на Вардар вчера одиграа силна  контролка  во Бања Лука-Република Српска (БиХ). Таму тие  настапија на силен меѓународен турнир, каде покрај нив  учествуваа и три други одлични кугларски колективи. Домаќинот и шампион на Босна и Херцеговина во куглање екипата на КК Ревита, репрезентацијата на Словенија,  и шампионот на нашиот северен сосед, Србија екипата на КК Београд.

На вчерашниот прв ден се одигра еден заеднички меч на сите четири тима. Избраниците на Драги Димитровски  завршија на третата позиција пред шампионот на земјата домаќин Босна, екипата на КК Ревита. Пех беше што одсуствуваше  Младен Донковски кој на контролниот дуел што го имаа момците од црвено-црниот кугларски колектив  пред да заминат имаше одличен резултат и беше третопласиран. Вчера најдобар беше искусниот Миле Димковски кој отиде над границата од шестотини соборени дрва. Миле собори 608, втор резултат кај нашите момци Димитар Димитровски со 597 “соборени дрва“. Денес (недела) во рамки на овој настан во БиХ  ќе се одиграат два дирекни пријателски меча во првиот домаќинот ќе одигра меч со селекцијата на Словенија, а во вториот црвено-црниот кугларски колектив ќе се сретне со шампионот на Република Србија (земја чија репрезенација е шампион на “стариот континент-Европа“) кугларскиот тим “Београд“. Ова ќе биде одлична прилика за вардарци да одиграат квалитетни контролки пред есенскиот предизвик во “Светскиот куп“ кој се игра во Италија и каде ќе се судриме со 14 шампиони на држави од европскиот континент.