Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Боарето прави чуда, играч на денешниот натпревар!

Боарето прави чуда, играч на денешниот натпревар!

Некомплетно, денеска беше одиграно четвртото коло од првата македонска фудбалска лига. Нашиот ФК Вардар на убедлив начин со ”петарда” ја испрати Брегалница за Штип. На овој денешен дуел бринираше во нашиот тим бразилецот Боарето Балотели со три гола во мрежата на екс голманот на нашиот тим, Кобетиќ.

Боарето во голем стил постигна два погодоци и најави победа. На ”Бало” му беа потребни само 16 минути да постигне два погодоци и да најави голема победа денеска. Боарето својата одлична партија, со трет погодок ја круниса во 70 минута од натпреварот, кога по трет пат биеше милиметарски точно во голот на штипјани. Несомнено, Боарето го понесува приматот играч на денешниот натпревар. Ова беше четврти гол на Боарето во дресот на Вардар, на исто толку првенствени натпревари.