Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар со “петарда“ ја победи Брегалница, Балотели постигна „хет-трик“

Вардар со “петарда“ ја победи Брегалница, Балотели постигна „хет-трик“

Вардар стигна до третата победа во ПМФЛ,  денеска совладан беше тимот на Брегалница од Штип со резултат 5-1 (3-1). Вардар на овој натпревар настапи во следниот состав: Филип Гачевски, во одбраната беа Владица Брдаровски, заедно со капитенот Бобан Грнчаров, потоа Немања Мијушковиќ и Благоја Љамчевски. Во средината на теренот беа Никола Глигоров и Стефан Спировски. Потоа на крилните позиции Дамир Којашевиќ и Петар Петковски со Хуан Фелипе во офанзивниот дел, и во нападот бразилскиот интернационалец Џонатан Боарето.  На клупата за резерви беа: Игор Алексовски, потоа Дарко Глишиќ, Евгениј Новак, Бобан Николов, Виктор Велкоски, Владица Брдаровски и Џон Обрегон.

Вардар во голем стил ги одигра првите 13-минути од натпреварот и атакуваше да го отвори резулатот. Она што  неуспевавме во првата третина од мечот го направивме во само две минути. Во  14 минута  Вардар погодија за 1:0,  стрелец на  голот беше Боарето. Тој доби топка од Којашевиќ и од левата страна стрелаше во долниот лев агол. Само две минути потоа преку истиот играч го удвоивме водството. Балотели упати удар од некаде 25 метри  во долниот лев агол од голот, и повторно го совлада поранешниот вардаров голман Кобетиќ. Гостите се заканија преку Здравков и Митков во продолжение, но не успеаа да намалат. Балотели имаше шанса и за трет гол во 3 0минута, но Кобетиќ овој пат одбрани. Штипјани намалуваат на 2-1, во 38 минута преку Стојанчо Велинов. Атакувавме да го вратиме водството од два гола, Фелипе во 43 неуспеа од слободен, но затоа во судиското продолжение преку Којашевиќ кој доби пас од Брдаровски поведовме со 3-1, резулат со кој се отиде на пауза.

ku
Вториот дел започна со мирна игра на двете страни, први прилика имаа играчите на Брегалница преку Стефан Коцев, но Гачевски беше присебен. Тргнавме во продолжение поактивно, во 58 минута имавме двојана шанса преку Фелипе и Глигоров сепак резулатот остана исти. Стигна награда за трудот на црвено-црните фудбалери во воториот дел, во 60 минута  ФК Вардар поведе со 4:1 со голот на Мијушковиќ. Центрираше Спировски од левата страна, Грнчаров со глава одлично го проигра Мијушковиќ кој не пропушти да погоди. Балотели  стигна до  „хет-трик“ во 70 минута. Тој погоди за 5-1 одкако доби  топка од неговиот сонародник Фелипе  и третпат денес го погодува  долниот десен агол. Очигледно се работи за играч кој е навистина квалитетен ова е негов четврти гол во црвено-црниот свет дрес сезонава во првата македонска фудбалска лига, со што изби сам на врвот на листата на стрелци во нашиот состав .  По голот заигравме посмирено, водството е комотно нема посебни возбудувања во продолжението. Во 85 минута од дуелот Балотели повторно влезе во шанса за гол, сепак овој пат поуспешен беше Кобетиќ.