Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар триумфално мина низ Струга
ЖКК Вардар триумфално мина низ Струга

ЖКК Вардар триумфално мина низ Струга

Изминатиов викенд се одигра ново коло од првата кошаркарска лига во женска конкуренција. Девојките на ЖКК Вардар овој викенд пред себе имаа гостување во Струга кај тимот на ЖКК Струга 2009. Овој натпревар нашите девојки го добија со резултат 59:47.

Ова беше втор триумф за Вардарки. Досега имаме биланс од две победи и еден пораз. Моментално го завземаме третото место на табелата. Прв е тимот на Бадел со четири победи од исто толку натпревари. По три одиграни рунди имаме 164 дадени кошеви, односно 173 примени.