Вчера во спортскиот рекреативен центар Кале се одиграа дел од натпреварите во 5-тото коло во ракометната “Јуниор“ лига. Интересни мечеви проследивме во женскиот дел, кај возрасната генерација родени 2004/05 каде на програмата беа три натпревари.
Нова победа во текот на вчерашниот ден забележа ракометната школа на Кастратовиќ, овој пат кај генерацијата 2004/05. Избраничките на Здравка Дамовска за противник ја имаа Опш.Кисела Вода-Вардар 1, која ја совладаа со резултат 8:10. Заслужена победа за РК Кастратовиќ, која речиси целиот меч беше во предност. Започнаа со водство од 1:3, што им овозоможи да го зачуваат до крајот на првото полувреме, иако во еден момент Кисела Вода израмни на 3:3. На полувреме се замина со резултат 4:5. Решавачкиот чекор кон победата, РК Кастратовиќ го прави вопрвите осум минути од вториот дел кога успева со серија од 0:4 да зголеми на 4:9, по што беше јасно кој ќе ги освои бодоивте. Имаа предност и од 5:10, но дозволија Кисела Вода да постигне три гола и со помал пораз да го заврши мечот. Ања Јолаковска ги предводеше до триумф со 4 погодоци, додека кај поразените Мила Крагељ постигна 3 гола.
Во последниот дуел кај оваа генерација се сретнаа екипите на Опш. Кисела Вода-Вардар 2 и РК Кале Кичево. Поуспешни во овој дуел беа девојките од Кичево. Први со два гола мечот го отворија токму они поведувајќи со 0-2, по што К.Вода намали на 1-2. Следуваше серија 0-4 со која Кале го најави рано својот триумф, поведувајќи со 1-6, односно плус пет. До крајот се играше игра гол за гол на двете страни двата колектива постигнаа по два гола за н одмор да се отиде со 8-3 за кичевчанки.
Вториот дел започна со нова серија на Кале тие направија 0-4 и поведоа со недостижни 3-12. По овој резултат се играше игра гол за гол, помеѓу двете женски екипи. Мечот заврши со резултат двоцифрена победа, односно 15-5 за РК Кале. Кај девојките од Кичево најистакната беше со Сара Стефаноска 9 гола, кај поразените имаше Сара Трпевска постигна 2 гола.
Екипата на РК Ново Лисиче го доби дуелот со РК Вардар ДБ со резултат 9:5. Резултатот во првата минута беше израмнет на 1:1, по што следеше серија на Ново Лисиче од четири последователни голови, за на полувреме да се замине со резултат 5:1. Во вториот дел, РК Вардар ДБ заигрува многу подобро и успева да намали на 6:5, по што мечот доби неизвесност. Сепак Ново Лисиче имаше повеќе сили и со серија од 3:0 го затвара мечот и забележува триумф со резултат 9:5. Магдалена Тошевска постигна 4 гола кај победничкиот тим.