Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Димитровски се појави по долга пауза на “Државно поединечно првенство“ и веднаш лидерски пласман, Влаќевски со резултат во топ-3
КУГЛАЊЕ! Димитровски се појави по долга пауза на “Државно поединечно првенство“ и веднаш лидерски пласман, Влаќевски со резултат во топ-3
Димитровски Димитар

КУГЛАЊЕ! Димитровски се појави по долга пауза на “Државно поединечно првенство“ и веднаш лидерски пласман, Влаќевски со резултат во топ-3

Во кугларската Македонска лига на сцена е зимската пауза после крајот на есенскиот дел, по кој вардарци завршија на втората позиција. Сепак рано е за одмор за кугларите во земјава, викендов на програмата во “кугларскиот свет“ беше државно поединечно првенство за Сениори и Јуниори.

Во прв настап на истото, натпреварувачите настапија во  куглана „Мусандра“ при Градскиот трговски центар-Скопје. Момците својот вториот настап ќе го  одржат  на 03.12.2016г во куглана  при СЦ “Борис Трајковски“ со почеток од 11 часот  по истиот редослед како од првиот настап. Вардарци на ова натпреварување имаше вкупно четири. Димитар Димитровски после неколку годишна апстиненција од ова натпреварување се појави на истото. Нашиот “крал на МКЛ“ дојде време да се круниса, тој веднаш покажа класа и одигра со резултат “ плус шестотини“ успевајќи да впише зад своето име скор од соборени 621 (399+222) дрво. Зад него е поранешниот играч на КК Вардар кој во преодниот рок мина во дирекниот конкурент и шампион на земјава КК Макпетрол, Дане Јакимовски со 620 (400-220). Вториот член од ударното црвено-црно дуо Бојан Влаќевски е третопласиран веднаш зад нив. “Кугларскиот Моцарт“ впиша 616  (373+243) “чуња“ што беа доволни за третата позиција. Покрај нив солиден настап имаа и Младен Донковски со 556 (379+177) кој беше 11-то плаисран, и Марјан Згонц кој се најде на 17. место, со 532 (358+174) “соборени дрва“.