Вчера ФК Вардар се врати на победничките патеки во ПМФЛ. Нашите момци го “скршија гипсот” на Ренова во вториот дел со голот на Блажевски доволен за значајни три бода и зголемување на предноста пред Шкендија на шест поени.
По натпреварот следуваше инцидент и мешаница. Гостите од Тетово неможеа да го поднесат болниот пораз, па по натпреварот започнаа со провокации кон нашите играчи. На тие провокации не останаа неми нашите играчи, при што следуваше голема мешаница и инцидент. Од нашиот тим по натпреварот црвени картони добија Горан Попов и Дамир Којашевиќ. И двајцата за жал нема да можат да им помогнат на своите соиграчи на дерби натпреварот в среда против Пелистер. Се надеваме дека нашите играчи ќе поминат со “мала” казна, односно само еден натпревар суспензија. Инаку, и од тимот на Ренова двајца играчи на крајот добија црвени картони.