ЖКК Вардар градби кон двојна круна, по победата во Купот во домашната лига веќе водиме со 2-0. Во гости триумфиравме кај Бадел во вториот дуел. Вардарки одигаа мотивирано и со плус дваесет победија во гости, на нивни терен им одржавме лекција.
Се играше борбено во првиот период, нашите дами парираа на домаќинот кој беше решен да изедначи во оваа серија. Сино-жолтите го добија истиот со плус еден, 18-17. Веќе во вториот период од 10.минути девојките на Жаклина Стојановска успеаа да изедначат па со резултатска симетрија 32-32 на семафорот во салата „Независна Македонија“ заминавме на пауза.
Вистинското го покажавме во 3тата четвртина, добро ни дојде паузата и по советите на Стојановска црвено-црните тргнаа во атак. Овој периот го добивме со плус девет (14-23), поведувајќи со 46-55 пред почетокот на завршната четвртина. Бадел се обиде да се врати, ама налета на мотивираните црвено-црни девојки кои казнуваа одлично. Додатно ја зголемивме предноста па на крајот победивме со убедливи 63-83.
Најистакнати во победата беа искусната Славица Наков, Василевска, Деловска и Стојанова.