Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Нова доминација на ФК Вардар генер. 2007, кој дури после изведување на пенали го совлада Кул во големото финале
Нова доминација на ФК Вардар генер. 2007, кој дури после изведување на пенали го совлада Кул во големото финале

Нова доминација на ФК Вардар генер. 2007, кој дури после изведување на пенали го совлада Кул во големото финале

Генерацијата 2007 на ФК Вардар успеа да го одбрани трофејот во детската лига и четврта година по ред да се закити со златниот медал, откако успеа во едно неизвесно финале да ја победи екипата на Кул од Скопје, дури по изведување на ударите од белата точка, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1.

Екипата на Кул даде силен отпор на овој финален дуел, сепак на крајот вардарци беа посреќни и поснаодливи во пенал серијата, но јунак на црвено-црните е Антонио Пишовски, кој беше јунак на Вардар и успеа да одбрани дури три пенали. После првите десет минути не видовме некоја прилика за гол, и двете екипи играа цврсто, и претпазливо. Кај Вардар се обиде прв Марко Киш, но одбрани голамнот. Екипата на Кул ја имаше првата голема прилика за гол, се направи мешаница во нашиот голмански простор, но одлично одбрани Лука Јаневски.

3

Грашески беше во продор, но во завршниот удар бие слабо. Екипата на Кул можеше лесно да си постигне авто гол, откако при една акција на Вардар од десната страна нафрли Златко Радевски, еден од противничките играчи сакајќи да избие во корнер, можеше лесно да си ја вметне топката во мрежата, за нивна среќа, голманот ја пратеше ситуацијата и одбрани. Првата голема прилика за Вардар ја имаше Младеновски, откако Киш од десната страна повторно, нафрли топка, Младеновски од прва ја закачи, но одбрани повторно голманот на Кул. До крајот на првиот дел, Вардар нападна, но немаше гол, иако имавме обиди преку Грашески и Томовски. Нова голема прилика за црвено-црните, Борјан Томовски од левата страна во сериозна прилика, шутира силно, но топката оди крај голот. На полувреме резултатот е оној почетниот 0:0.

1 2

Гледавме борбено второ поувреме, во кое беа постигнати по еден гол. Од десната страна се создаде акција за Кул, но одбрани Јаневски. Во следната прилика, Кул доаѓа во водство од 1:0, откако дозволивме во нашата одбрана, еден од нивните играчи да биде сам, шутираше силно од непосредна близина, нашиот голман е немоќен, тоа значеше и предност од 0:1. Вардар не се предаде, оваа генерација има шампионски менталитет, па знаевме дека до крајот ќе изгине за пресврт. Се обиде од далечина стоперот Спасовски, но одбрани голманот.

4

Во следната акција за наша голема радост, се погрижи Емир Шаботиќ кој успева да го израмни резултатот на 1:1. Во последната минута од дуелот, поради играње со рака на еден од играчите на Кул, беше досуден пенал за Вардар. Стефан Младеновски ја превзема одговорноста, бие, но одбрани голманот на Кул. Веднаш после тоа судијата отсвири крај на финалниот дуел.

Се пристапи на изведување на пенали, во кои Пишовски беше јунак за Вардарци. После пет изведени удари резултатот беше 3:3. Во шесттата серкија, најпрво шутира Кул, топката оди над нашиот гол, а Лука Атанасовски бие прецизно, што значеше крај на серијата и победа за Вардар, со вкупен резултат од 5:4.

5 6 7 8

На завршната церемонија покрај трофејот и медаите, беа доделени и поединечни награди. Заслужено наградата за најдобар голман замина во рацете на Антонио Пишовски. Честитки за оваа генерација на Вардар која последните години докажува дека е неприкосновена и најдобра во Македонија.

1

20

22

24

27

32

58