По крајот на финалињата во Детската лига, на главниот терен на ФФМ во Ново Лисиче беа доделени медалите и пехарите за најуспешните. ФК Вардар одигра и победи во три финалиња, ние сме шампиони во генерациите 2006, 2007 и 2008 година. Пехарите ги подигнаа капитенот на 2008- Ненад Дамјаноски, капитенот на 2007, Грашески Александар и за генерација 2006 пехарот му беше врачен на Сековски Дарко. Покрај ова имаме и четири инвидуални награди, три голмани беа прогласени за најдобри. Пулените на Мутибариќ кои добија награда се: Андреј Данстак (2006), Лука Грчевски (2008) и Антонио Пишовски (2007), додека Алтин Алији кој постигна хет-трик во големото финале е најдобар стрелец кај генерација 2006.
Во продолжение ви носиме 60 сетина фотогафии од завршната церемонија.