Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Нова седма во низа победа за ЖКК Вардар, во дербито со Бадел идното коло влегуваме како лидери
Нова седма во низа победа за ЖКК Вардар, во дербито со Бадел идното коло влегуваме како лидери

Нова седма во низа победа за ЖКК Вардар, во дербито со Бадел идното коло влегуваме како лидери

Девојките на Жаклина Стојановска, тимот на ЖКК Вардар во рамки на 7.коло од женската кошаркарска Прва лига гостуваа во Македонска Каменица. Ние бевме гости на тимот на Баскет Кам, во оваа средба црвено-црните дами дојдоа до нов триумф, досега имаме максимални 14.бода во лигата и сме на врвот на табелата.

На дуелот одигран вчера, доминиравме во сите аспекти на кошаркарската игра и уште рано поведовме, водството го зголемувавме од минута во минута. Победата дојде со позитива од 44.поени односно, со резултат 49-93. Во идното осмо коло црвено-црните ќе бидат домаќини во малата сала при С.р.ц “Кале“ на шампионот Бадел 1862 во дербито на женската кошаркарска лига.