На Светското првенство во Чешка, нашата кугларска селекција ја совладаа Естонија со 8:0. Веќе екипата влегува во потребниот ритам, постигнати се солидни резултати и се приближуваме кон 3800 вкупно соборени кегли. Одличен дуел одигра претседателот на Вардар, Димитровски кој беше на ново.
Бојан Влаќевски веќе премина 660, Димитар Димитровски,Борис Бенедик и Сашко околу 630, Соколовски под 600 и Фучкар кој е и селектор и играч на одлични 331 од две патеки му го препушти своето место на Младен Донковски кој е млад и сеуште се гради, а тој ја оправда довербата и изигра добри 290.
Имаме слободен ден денес, време за одмор и акомулирање на потребната енергија за одлучувачкиот меч против Чешка кој е на програмата утре, 19 мај во 18:30 часот.