Сосема очекувано откако пред три дена девојките на Жаклина Стојановска, екипата на ЖКК Вардар обезбеди пласман во финалната сезира, исто го направи вчера и другиот фавориот за титулата Бадел 1862. Сино-жолтите ја совлаадаа екипата на Струга и закажаа битка со вардарки.
Вардар лесно во оваа фаза го мина тимот на Работнички. Во финалната серија се игра “подобар од пет“ односно тимот кој ќе дојде до три победи ќе ја добие круната. Вардар оваа сезона двапати го совлада ривалот, еднаш во гости на лигашки дуел и во финалето од Купот на Македонија во Гевгелија. Ниту еден тим нема предност во победи бидејќи двата тима победија по еднаш и тоа на гостински терен. Сепак ние имавме поубедлива победа па завршивме како лидери на табелата што носи предност на домашен терен, односно во евентуални пет меча, “мајсторката“ ќе се игра на вардаров паркет. Се надеваме дека ќе дојдеме до двојна круна оваа сезона.