Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар (2) генер. 2006 ја помина првата елиминациска пречка и утре ќе се соочи со „братскиот“ Вардар (1)
ФК Вардар (2) генер. 2006 ја помина првата елиминациска пречка и утре ќе се соочи со „братскиот“ Вардар (1)

ФК Вардар (2) генер. 2006 ја помина првата елиминациска пречка и утре ќе се соочи со „братскиот“ Вардар (1)

Екипата на Вардар (2) од генерацијата 2006 успеа да се пласира во второто коло од плеј-офот во детската фудбалска лига, откако утрово на терените на ФФМ успеа убедливо да ја совлада екипата на Гроздановски, со конечен резултат од 4:0.

По првите десет минути од овој меч се играше мирно, период во кој и двете екипи немаа посериозна шанса за постигнување на гол. Се разбудија вардарци, кога набрзина за само три минути успеаа да постигнат два гола, и можеби да го направат вистинскиот чекор кон победата. Резултатот за 1:0 го отвори Михаил Танчев, кој беше најумешен, успеа да ја затресе противничката мрежа и да му донесе водство на Вардар од 1:0. Не помина многу време од првиот погодок, Вардар набрзина постигнува уште еден гол. Повторно невнимание во противничката одбрана, што го искористува Антони Динов, кој го зголемува резултатот на 2:0.

1

После предноста, имавме и два обиди, преку Цониќ кој шутира над гол, како и Динов, чиј удар го одбрани голманот на Гроздановски. Се закани и противничката екипа, но одбрани нашиот голман, Максим Краљевски. Уште еден силен удар за тимот на Гроздановски, но повторно одлично интервенира Краљевски. По првото полувреме, избраниците на Спасевски имаа солидна предност од 2:0.

4

Првите два обиди во вториот дел ги имаше екипата на Гроздановски, која се обидуваше да го намали резултатот. На голот на Вардар во второто полувреме застана Дамјан Таневски, кој одлично си ја заврши работатата и не дозволи да биде затресена неговата мрежа. Кај Вардар се обидоа Митревски и Динов, но резултататот остана непроменет.

2 3

Точка на овој меч стави Антони Динов, кој со својот втор гол зголеми на 3:0. Одлично проигрување на Динов, уште поубав погодок од нашиот напаѓач, кој се ослободи од противничкиот голман, а потоа и успеа да ја погоди мрежата на Гроздановски. До крајот на мечот во листата на стрелци успеа да се запише и Давид Цековски, кој ги псотави конечните 4:0 на овој натпревар. За одбележување е и ударот на Гроздановски, кој заврши во пречката од нашиот гол.

Во утрешната програма Вардар (2) за пласман на завршниот турнир во детската лига ќе се судри со екипата на Вардар (1).