Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Двете екипи на ФК Вардар генер.2008 победија во плеј-офот
Двете екипи на ФК Вардар генер.2008  победија во плеј-офот

Двете екипи на ФК Вардар генер.2008 победија во плеј-офот

Денес момците на Колев, ФК Вардар генерација родени 2008 година дојдоа до две победи. Тие минаа понатака  во плеј-офот во детската фудбалска лига.

Во првиот меч со голем пресврт момците на Влатко Колев, ФК Вардар генер.2008(2) го совладаа тимот на ФК Драчево. Првиот дел не започна најдобро, покрај нашата инцијатива противникот успеаа да поведе со 0-1. Ние повторни тргнавме во атак со цел да изедначиме, Киш шутна силно над голот. Казната дојде, Драчево погоди за дуплирање на водството, 0-2. По овој момент како да се разбудивме, тргнавме силовито. Коста Бошковски по една убава акција намали на 1-2. Истиот играч кој денес одигра феноменален меч, успеаа да изнуди пенал. За жал токму он не го реализираше па на одмор заминавме со гол негатива.

a-2
Вториот дел почна фуриозно, Коста Бошковски по само 2.минути игра успеаа да изедначи на 2-2. Поради едно невнимание драчевци веќе во следната акција успеаа да поведат со 2-3 и повторно бевме на маки. Бошковски кој беше најактивен во поле успеа да погоди во гредата, немавме среќа веднаш да вратиме. Сепак одлична топка прими Марко Шотаровски, се сврте и рутинирано биеше за реми, 3-3. Повторно бевме во игра за победа, имавме повеќе од играата. Противникот се закани, ама на нашиот гол две убави одбрани имаше Јовчев Дарко. Бошковски се покажа како таличен за “драчевци“, тој погодува и за 4-3, а потоа имаше уште една прилика за гол. Со гол предност и со пресврт во вториот дел успеавме да минеме понатака.

a3-2

Во вториот дуел лесно ФК Вардар(1) генер.2008 го мина тимот на ФК Башкими од Куманово, веќе по првиот дел со четири гола предност најаввме лесна победа. Дуелот почна со по една прилика на двете страни без реализација, нивната одлично ја одбрани Лука Грчевски. За нас се закани Петар Блажевски, неговиот удар не донесе предност. На сцена стапи Лука Трпевски, овој експозивен играч најпрвин погоди за 1-0, потоа успеа и да го удвои водството на црвено-црните. Одлично прими една топка и погоди за 2-0. Ние имавме доминација во поле што ја искористивме преку Арти Азизи. Тој двапати по ред погоди за удвојување на предноста, по неговите голови водевме со 4-0. До крајот имаше два моменти за одбележување, првиот беше голот на Петар Блажевски со кој поведовме со 5-0, а вториот нивниот единствен гол за 5-1. Со плус четири отидовме на одмор на овој дуел.

a2-2
Вториот дел започна во знак на Арти Азизи, кој имаше две прилики на самиот почеток. Во првата зголеми на пет плус, стрелајќи за 6-1. Во втората топката мина крај голот, Грчевски во две прилики не спаси од намалување на предноста. Противникот врза два гола во низа, намалувајќи на 6-3, користејќи го правилото во оваа генерација кога имаш голема негатива да можеш да уфрлаш играчи повеќе во поле. Капитенот на оваа генерација Ненад Дамјаноски успеаа да зголеми потоа на 7-3.  До крај имаше по една прилика на двете страни, во првата Бранковски погоди пречка за нас, во втората Грчевски го сопре ударот на ривалот.