Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дисингер се врати со пет гола, Вардар лесно го совлада РК Бутел
Дисингер се врати со пет гола, Вардар лесно го совлада РК Бутел

Дисингер се врати со пет гола, Вардар лесно го совлада РК Бутел

Ракометниот клуб Вардар во 7.коло од Плеј-офот  на домашен терен го пречека тимот на РК Бутел Скопје, ние оваа средба ја добивме со 28:20 сепак она што го обележа овој дуел е враќањето на Дисингер. Германецот настапи денес и покажа дека може да се смета на него за престојниот Ф-4 во Келн.

a8-2

Тргнавме со почетно 2-0, противникот успеаа да се доближи на гол предност кога намали на 4-3, откако имаше мини серија 1-3. Со овие два гола позитива за црвено-црните влеговме во втората половина од овој период кога на семафорот во големата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје стоеше резултатот 10-8. По овој момент се до крајот на првиот дел ние имавме повеќе од играта. На двата гола на ривалот вративме со тројна мерка, што ни овозможи значајно зголемување на предноста. На одмор се замина со шест гола повеќе за црвено-црниот состав, ние водевме 16-10 за време на паузата.

a13-2

Вториот дел двата тима го отворија со по еден погодок во двете мрежи за почетни, 17-11. Повторно ние како и во финишот на првиот дел  заигравме поангажирано, квалитетот беше на наша страна, игравме доволно за да го држиме ривалот на пристојна дистанца. Поведовме со осум гола, 21-13 по што се до крајот беше рутина. Од клупата ротиравме чувавме сили, се играше гол за гол до крајот на натпреварот. Победивме со осум гола предност 28-20 на оваа средба 7.коло од плеј-офот.

a14-2 a11-2

Кисељев беше прв стрелец со 10 гола на оваа средба,  Дисингер одлично се врати и погоди пет пати, Поповски погоди три пати.