Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Младинците со “петарда“ за А.Пандев, кадетите одиграа “реми“
Младинците со “петарда“ за А.Пандев, кадетите одиграа “реми“

Младинците со “петарда“ за А.Пандев, кадетите одиграа “реми“

ФК Вардар денес беше домаќин на Академија Пандев, на средбите во кадетската и младинската лига. Црвено-црните на овие две соочувања има една убедлива победа и одиграа едно реми. 

Кадетите на Вардар  одиграа реми 2-2 со стумичани. За кадетите на Вардар овој дуел го започнаа следните момци: Величковски, Зендели, Митревски, Манасиевски (c), Ангелковски, Спировски, Ристовски, Мирков, Поповски, Мирчевски и Мицевски.

Првиот дел иако со доста офанзивна игра на двете страни заврши со еден погодок. Истиот беше дело на играч на црвено-црните. Ние поведовме со 1-0 во 9.минута од овој кадетски дуел. За нас стрелаше Спировски Мартин. Токму со неговиот гол за предност од 1-0 заминавме на одмор. Вториот дел започна со офанзива на противникот која беше крунисана со гол за реми, 1-1 во 51.минута. Ние најдовме сили и повторно поведовме со гол предност, за нас погоди Манасиевски Филип. Тој стрелаше за 2-1 во 75.минута. За жал ривалот во 80.минута ги постави конечните на оваа средба 2-2.

Младинците на ФК Вардар во еден дуел во кој максимално доминираа дојдоа до убедлива победа со високи 5-0 над А.пандев. За нас дуелот го започнаа: Андов, Радевски, Наумчевски, Пешевски (c), Стојчески, Хасановиќ, Младеновски, Реџепи, Божиновски, Тасев и Ѓорѓиески. 

Вардар имаше доминација во првиот дел, сепак само еден од овие пет гола беше постигнат во првите 45.минути. Ние имавме повеќе од играта, но во реализација не бевме доволно добри, нешто што го исправивме во вториот дел. Во 28.минута Божиновски Антонио го постигна единствениот гол за црвено-црните. Во вториот дел нашите момци беа на висина на задачата во офанзива, погодивме уше четири пати за “петарда“. Наумчевски Стефан погоди за удвојување на предноста, тој во 56.минута стрелаше за 2-0. Ново влезениот Јусуф Мустафа стапи на сцена, тој имаше вистинско гол-шоу во вториот период. Погоди три пати по ред во во само пет минути. Од 70.минута до 75.минута тој зголеми најпрвин на 3-0, потоа на 4-0 и на крајот стрелаше за конечните 5-0 на оваа средба.

 Во последното коло за оваа натпреварувачка сезона гостуваме во Тетово, кај екипата на Шкендија.