Генерацијата на ФК Вардар родени 2007 денес одиграа натпревари во плеј-офот од детската лига. Вардар (1) успеа да победи, додека Вардар (2) доживеа пораз и на тој начин ги заврши настапите за оваа сезона.
Вардар (1) беше „немилосрден кон својот противник совладувајќи го убедливо со резултат од 10:1. Првата голема шанса на овој дуел ја имаше екипата на Куманово, но благодарение на интервенцијата на Лука Јаневски, топката заврши само во пречката, па спасивме негаттива почетна на овој дуел. Беше потребно малку време за шампионите да се разбудат и да го прикажат најдоброто од себе. После една додадена топка од Киш, се обиде Младеновски, но немаше реализација. Сепак истиов играч, Стефан Младеновски успева да постигне гол и да го отвори резултатот на 1:0, после одлична асистенција од Томовски, а нашиот напаѓач само го покажува чуството за постигнување голови и ја смести топката во мрежата. Интересно, противникот успева брзо да се врати на мечот и да израмни на 1:1, откако претходеше невнимание на нашата последна дефанзивна линија, лесно дозволивме да примиме гол. Сепак тоа беше се што успеа да стори екипата на Куманово, до крајот на мечот вардарци беа доминантни и заслужено победија. Пред да ја вратиме предноста, се обиде Марко Киш кој шутира покрај голот, додека со евро голот на најмладиот Александар Грашески успеваме да поведеме со 2:1. Во следните минути две прилики се најде Шаботиќ, посебно добра беше шансата, кога му нафрли Киш, а Шаботиќ не успеа од неколку метри да ја погоди пречката, односно шутира високо над гол. Сепак истиов играч не греши во следниот негов обид, повторно одлична акција на Вардар, Битиќо продре од левата страна, се ослободи од двајца играчи,додава до Шаботиќ а овој погоди за предност од 3:1. До крајот на првиот дел успеваме да постигнеме уште еден гол, откако поради три корни беше досуден пенал. Сигурен реализатор е Јулијан Битиќи, за на кратка пауза да имаме високи 4:1.
Вардар беше доминантен и во вториот дел не пропушти ништо на случајноста. Куманово немаше сили да се надигрува со шампионот, па во вториот дел уште на шест пати ја вадеа топката од својата мрежа. Одличен гол со глава постигна Стефан Младеновски за предност од 5:1, откако прецизно нафрли Томовски. Нов одличен гол проследивме на капитенот Александар Грашески, кој при една акција на неговиот тим бие од прва по земја, голманот на Куманово беше немоќен, за зголемување на 6:1. Хет-трик на овој меч постигна Стефан Младеновски, за зголемување на 7:1, а Борјан Томовски ја погоди стативата од противничкиот гол. До крајот на мечот успеавме да постигнеме уште три голови. Емир Шаботиќ зголеми на 8:1, после нова одлична акција на вардарци, додекај Јулијан Битиќи погоди за 9:1. Конечните 10:1 на овој натпревар ги постави Филип Смиљков, за кој ова беше денес прв гол.
За жал, екипата на Вардар (2) не успеа да се пласира во следната рунда, откако денес доживеа висок пораз од екипата на Албион. По првото полувреме беа познати многу работи околу конечниот победник, кога екипата на Албион имаше водство од 0:3, додека Вардар немаше ниту една посериозна прилика, освен обидот на Лука Рајчин, кој заврши покрај гол.
Ниту во вториот дел не се сменија многу работите на теренот, едноставно бевме немоќни, додека Албион се покажа и како физички поспремен. Уште еден гол во нашата мрежа, за конечни 0:4 на овој дуел.
Во текот на утрешниот ден на терените на ФФМ, тимот на Вардар (1) го очекува уште еден дуел со победникот од мечот меѓу, Гроздановски и Њу Старс (2), пред пласманот на завршниот турнир на најдобрите екипи од цела Македонија.