БРАВО! Обезбеден ф-4 во кадетската лига за пионерките на ЖРК Вардар. Девојките на Платон и Папуџиева кои играат во повозрасна категорија покажаа квалитет, на две кола до крајот обезбедија завршен Ф-4 турнир откако денес победија во гости кај РК Лихнид од Охрид.
Ние поведовме преку Бојана Коцева со 0-1, домаќинот врза два гола во серија и го презема водството со 2-1, тоа беше прв и воедно последен момент кога тие имаа предност на оваа кадетска средба. Веднаш преку Сара Стефаноска изедначивме на 2-2, по што домаќинот го виде “црвено-црниот тајфун“. Не предизвикаа и добиа одговор, во одбраната одигравме на врвно ниво, тимски како и секогаш што е одлика на овој тим во нападот казнувавме. Со неверојатна серија 0-9 поведовме со 2-11 после што сите дилеми беаа решени. Се играше до крајот на првиот дел гол за гол, ние ја одржувавме предноста која успеавме да ја направивме двоцифрена па на одмор заминавме со резултат 8-18.
Противникот со гол го отвори вториот дел, не со погодокот на Зорица Андова веднаш се вративме на двоцифрена предност поведувајќи со 9-19. Нашиот танц продолжи и во овие 30.минути, со умна игра ја чувавме предноста на двоцифрено ниво, постепено зголемувајќи ја. На крајот го заверивме пласманот на Ф-4 турнирот со 14.гола повеќе од охриџанки. Победата дојде на оваа кадетска средба за нашите пионерки со резултат 17-31.
Кога сме кај стрелците дури четири девојки има по четири гола, станува збор за: Андреа Миланова, Бојана Коцева, Сара Стефаноска и Борјана Коцева. Две девојки имаа по три погодока: Наталија Максимовска и Зорица Андова.