Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерите на ФК Вардар го загубија лидерското место после поразот од А.Пандев, пом.пионери одиграа со нерешен резултат
Пионерите на ФК Вардар го загубија лидерското место после поразот од А.Пандев, пом.пионери одиграа со нерешен резултат

Пионерите на ФК Вардар го загубија лидерското место после поразот од А.Пандев, пом.пионери одиграа со нерешен резултат

Денес во Струмица, своето претпоследно првенствено коло го одиграа пионерските екипи на ФК Вардар. За жал, пионерите се високо поразени во дуелот со директниот конкурент за трофејот, кој после ова коло ќе избие на првото место, додека помладите пионери на меч кој немаше никаква важност одиграа со нерешен резултат 1:1.

Помладите пионери на Вардар и Академија Пандев ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат 1:1. Двата гола паднаа во вториот дел, најпрво Вардар успеа да поведе со 1:0 во 62 минута откако погоди Никола Петковски, додека израмнувачкиот гол падна на една минута пред крајот на регуларните 90 минути, за бод на домашниот тим од овој меч.

Вардар: Јовчев, Марковски, Давков, Ѓорѓиевски, Трпезановски, Јовановски, Давидовски (c), Тсевски, Живков, Андрески, Стојчевски.

Пионерите на Вардар доживеа висок пораз на гостувањето кај А.Пандев, на овој дуел струмичани славеа со 3:0, со што ги дели само една победа до освојување на шампионската титула.По првото полувреме, противникот имаше водство од 2:0, кое само го зголеми до крајот на мечот. Вардар сам си ја прокоцка титулата, откако имаше седум бодови повеќе од А.Пандев пред 5 кола, но двата порази во серија од Работнички и Ренова, ги доведоа црвено-црните во ситуација каква што е после одигрување на ова коло, а тоа е губење на лидерската позиција.

Вардар: Китановски, Петејчук, Гугуљанов, Костевски, Крстевски, Игнатов, Радуловиќ-Величковиќ, Омерагиќ (c), Речица, Салиу, Ѓурковски.

Во последното коло, Академија Пандев гостува кај Ренова, додека Вардар на домашен терен ја пречекува екипата на Шкендија.