Во салата „Автокоманда„ во рамки на кадетската лига, момците на Будимир и Станковски во дербито на лидерот, Вардар и 2-ро пласираниот тим Металург гостуваа. На оваа средба ние заверивме пласман на Ф-4 турнирот во кадетска лига. Ремито 26-26 беше доволно да се промовираме уште сега на завршниот турнир.
Првиот дел со наше водство од 0-2 на самиот почеток на дуелот. Противникот изнајде сили и успеаа да изедначи на 3-3. Следеше период во кој двата тима постигнаа по четири гола за нова резултатска симетрија на семафорот, 7-7. Ние се одлепивме на 7-9, предноста од два гола ја чувавме се до финишот кога беше 9-11. Сино-белите со два гола во последните минути успеаа да го однесат дуелот на одмор со реми исход 11-11.
Вториот период го отворивме најдобро што можевме во наша корист, со серија 0-4 отидовме на 11-15 по неколку минути игра. Нас денес бодовите не ни беа неопходни како на домаќинот кој се обидува да иде на Ф-4 како најдобра втора екипа во лигата. Тие влегоа во серија и поведоа со 20-18 по еден пад во нашата игра на овој дуел. Ние изнајдовме сили и изедначивме на 20-20, по што се играше гол за гол се до последните моменти кога беше 25-25. Домаќинот поведе со 26-25, ние имавме напад добивме пенал. Чакалиќ погоди за реми 26-26 кое не носи уште сега на Ф-4.
Кај нас најдобар стрелец беше Чакалиќ Бојан со 6.гола, 5.погодоци имаа двајца црвено-црни кадети: Калајџиески Симон и Грујовски Велимир.