Најмладата вардарова генерација 2010 која се натпреварува во детската лига, денес на терените на ФФМ одигра два натпревари во рамките на плеј-офот. Двете екипи прикажаа одлична игра и заслужено се пласираа во следната елиминациска рунда, која ќе биде последна пред пласман на завршниот турнир.
Вардар (2) најпрво се појави на теренот и во еден одличен и борбен пред се натпревар успеа да ја совлада екипата на Гроздановски, со конечен резултат од 2:1. Двете екипи прикажаа голема желба за победа и надигрување, сепак на крајот црвено-црните се покажаа како подобри и поприсебни. Давид Лозанов од редовите на Вардар го имаше првиот обид, но успеа да одбрани противничкиот голман, додека после него се закани и Лука Пацески, но топката оди покрај голот. Се обиде и екипата на Гроздановски, еден од нивните играчи шутира покрај нашиот гол. Добра прилика во нашите редови имаше Благојче Седлоски, кој најпрво бие, одбрани голманот, но одбиената топка повторно стигна до него, кој бие покрај голот. Гроздановск во акција, но резултатот остана непроменет.
Повторно кај вардарци се закани Седлоски, но неговиот удар го брани голманот. Вардар успева да го отвори резултатот на 1:0, откако одлично се снајде Благојче Седлоски, кој се ослободи од противничкиот голман и потоа немаше проблеми да ја смести топката во мрежата. До крајот на првиот дел се обиде и Македон Симев, но шутира покрај голот.
Во второто полувреме, не видовме многу прилики, но затоа имаше два гола, по еден во двете мрежи. Благојче Седлоски е играчот кој денес донесе триумф за Вардар, со неговиот втор гол зголемивме на 2:0. Истиов играч имаше голема прилика, кога од гол линијата исфрлија Гроздановски и спречија поголема негатива. Останаа уште пет минути до крајот, во кои противничката екипа успеа да постигне одличен гол и да намали на 2:1. Овој резултат на крајот се покажа и како конечен.
До победа стигна и Вардар (1) во дуелот со екипата на Тефејуз. На овој дуел обезбедивме триумф со резултат 4:1.Првиот удар кон еден од головите го имаше екипата на Тефејуз, но одбрани нашиот голман, додека кај Вардар прв се закани Ристиќ, кој шутира над голот. Далибор Марковиќ беше играчот кој на средината од првото полувреме успева да постигне гол и да му донесе водство на Вардар од 1:0, откако со силен удар го совлада противничкиот голман. Гледавме борбен меч, на кој екипата на Тефејуз даде силен отпор само во првото полувреме, кога и ја погодија стативата од нашиот гол. На полувреме, нашите млади надежи имаа минимално водство од 1:0.
Во вториот дел набрзина постигнавме три гола, во интервал од четири минути и тука беше решен победникот на овој дуел. Откако Марковиќ успеа да стигне, ја нафрли топката, која стигна до Стефан Ристиќ, кој му донесе предност на Вардар од 2:0. Во листата на стрелци успева да се запише и Огнен Сивевск, за зголемување на 3:0, додека веднаш во следната минута погоди и Стефан Ристиќ, за наше водство од 4:0.
Екипата на Тефејуз во следните минути успева да постигне почесен гол и да намали на 4:1. Уште два обиди ќе одбележиме за противничката екипа, но одбрани нашиот голман. Вардар се закани преку Чедевски и Гечев, но одбрани голманот, додека со голот на Матеј Чедевски, прв денес на овој меч поведуваме со 5:1, на голот претходеше одлична акција на црвено-црните. Конечниот резултат гласи 5:1.
Двете екипи во текот на утрешниот ден ќе ги одиграат и последните елиминациски натпревари, пред пласман на завршниот турнир на најдобрите екипи од цела Македонија.