Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2009 продолжува во утрешната елиминациска фаза од детската лига, откако денес ги совладаа екипите на Дрим Тим и Спорт Ефе
ФК Вардар генер. 2009 продолжува во утрешната елиминациска фаза од детската лига, откако денес ги совладаа екипите на Дрим Тим и Спорт Ефе

ФК Вардар генер. 2009 продолжува во утрешната елиминациска фаза од детската лига, откако денес ги совладаа екипите на Дрим Тим и Спорт Ефе

Денеска на терените на Фудбалската федерација на Македонија, ФК Вардар од генерацијата 2009 одигра два дуели во рамките на плеј-офот кои ги доби убедливо и се пласираше во наредната фаза.

ФК Вардар (1) го совлада ФК Дрим Тим со 5:0 и обезбеди минување во идното коло од плеј-офот. Започнавме офанзивно на самиот почеток, кое донесе погодок за црвено-црните. Стрелаше Васко Папаливски кој отвори за 1-0 на оваа плеј-оф средба. Две прилики за удвојување на водството имаше Вито Павлов, за жал ударите минаа крај голот. Папаливски Васко повторно беше таличен за ривалот и удвои со погодок за 2-0. Противникот беше претежно ориентиран на дефанзива, повремено се закануваше.

6

2

Сепак и при таквите обиди на висина на задачата беше Баснарков Марко. На одмор заминавме со два гола предност. Вториот дел започна со одбрана на Баснарков и одлична прилика на Колевски Даниел. Јаков Стојковски отвори во вториот дел со погодок, кој стрелаше за 3-0. Водството од полувремето го удвоивме преку Даријан Михајловски кој погоди за високи 4-0. Противникот имаше голема шанса од пенал, сепак неуспеаа да погодат во рамките на голот на црвено-црните. Даниел Колевски прими една топка, одлично се ориентираше во просторот и погоди за “петарда“. До крајот немаше промени на резултатот.

И ФК Вардар (2) дојде до висока победа и пласман во наредната рунда. Дуелот против Спорт Ефе денеска вардарци го добија со високи 3:0. Дуелот започна со одбрана на Грчевски. По неколку минути Вардар дојде до предност. Од пенал успешен реализатор беше Максим Павловски.

60343717_2207981019248732_8773153842398232576_n

По голот, Вардар тргна уште по офанзивно во нападот со цел да го удвои резултатот. Следуваа обиди на Влахо и Кралевски, кој завршија за малку крај голот на противникот. Успешен реализатор на вториот гол беше Качман Сулејман, во вториот дел. До крајот на дуелот погоди уште и Лука Грчевски кој пенал погоди за убедливи и конечни 3:0.

4 5

Утре двете екипи на генерација 2009 ќе ги одиграат последните дуели, за пласман на завршниот турнир во детската лига.