Денес, во кугларницата „Мусандра“, кугларскиот шампион на Македонија, КК Вардар го пречека тимот на КК Пелистер 1982. Вардарци отворија со победа во новата сезона и тоа убедлива со резултат 5,5 према 2,5 над зелено-белите.
Вардарци освоија 15.сета, ривалот дојде до 9.сета на овој натпревар. Црвено-црните соборија 3168 „дрва“, гостинот на оваа средба дојде до 3071. Дарко Димитровски, Тодоровски и Саша Јанковиќ поенираа во дуелите со ривалите, половина поен освои Коста Ристиевски.
Најдобар скор зад своето име имаше Димитровски со 555 соборени дрва, Јанковиќ имаше 550 „соборени дрва“.