Давид Дејвис се враќа во Вардар, откако денес клубот и официјално потврди дека тој ќе биде тренер на Вардар. За шпанецот ова ќе биде враќање во Вардар, откако во минатото беше помошник на Раул Гонзалес со кој успеаа во 2017 година да ја освојат Европската круна. Комити се огласија на својата официјална страна и му посакаа топло добредојде на Давид Дејвис.
Еден од оние кои на 4-ти Јуни 2017 година ни го честитаа 30-тиот роденден со Европска титула !
Следната сезона повторно сме во Келн помеѓу 4-те најдобри во Европа, и таа 2018 година се разделуваме. За потоа повторно да се сретнеме во 2019 кога ни ја честиташе втората Европска титула, но како тренер на поразениот тим во финалето 2019-та – Веспрем.
Овој човек учеше од најдобрите, и има заслуги за 3 домашни титули, 3 СЕХА титули, 2 Купа на Македонија, 2 пласмани во Келн и 1 Европска титула, а со тоа и пласман на Супер Глоуб, или неофицијалното интерконтинентално ракометно клупско првенство.
Да му посакаме Добредојде и успеси на кои заедно ќе се радуваме на Давид Дејвис Камара, напишаа Комити на својата официјална страна.