Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар минимално поразен од Стружанка на дуел без резултатско значење
ЖРК Вардар минимално поразен од Стружанка на дуел без резултатско значење

ЖРК Вардар минимално поразен од Стружанка на дуел без резултатско значење

ЖРК Вардар кој како лидер од групата-Б ќе иде во плеј-офот со максимални бодови, денес во последното коло гостуваше кај Стружанка на еден дуел на кој двата тима немаа потреба од бодови бидејќи нивните места веќе беа обезбедени претходно во следната фаза. Домаќинот  беше пожелен за победа и успеа да не совлада со минимални 25-24.

Отворивме подобро од домаќиот, со два гола на младата Коцева Бојана, и по едно на двете крила Диневска Бојана и Трпеска Ивона поведовме со три гола при резултат 1-4 на почетокот. Ривалот успеа со мини серија да се врати на гол негатива и намали на 4-5,  сепак ние не дозволивме да ја преземат преноста. Поведовме со најмногу пет гола (6-11) во пролжение, сепак на одмор заминавме со два гола предност, односно со резултат 10-12 за црвено-црните девојки на Ристова.

Во вториот дел се играше гол за гол, ние ја имавме таа предност од два гола се до 20-22 односно до почетокот на последната третина од оваа средба. Имавме криза   и  домаќинот успеа да направи клучна серија, тие со серија 4-0 направија целосен пресврт и поведоа со резултат 24-22.  Се обидовме да  се вратиме ама не успеавме, домаќиниот победи со минимални 25-24.

Кај нас Миновска даде 5.гола, по 4.погодоци имаа Трпевска Ивона, Костовиќ Ангела, Коцева Бојана и Дамјаноска Катерина.  Трајкоска Јована имаше 4 обрани, а Илиќ впиша три зад своето име.