Ракометниот клуб Вардар го назначи шпанецот Давид Дејвис за нов тренер. Ова е враќање за Дејвис кој заеедно со Гонзалез во 2017 година ја освоија Лигата на Шампионите со Вардар. Претседателот на клубот, Михајло Михајловски, истакна дека во моментот Давид Дејвис бил најреалната опција за тренер на екипата.
“Задоволен сум што брзо го решивме прашањето на тренер. Имавме многу понудени опции и повеќе познати тренери, и им благодарам на сите кои изразија желба да бидат дел од Вардар. Се решивме за Давид Дејвис поради фактот што тој веќе претходно беше во Скопје како дел од Вардар, познава дел од играчите и работел со нив, нема јазична бариера бидејќи зборува и македонски, и претходно работел во систем и со систем кој донел одлични резултати. Покрај работата со првиот тим, Дејвис ќе биде задолжен и за координација со младите селекции на Вардар. Со ангажирањето на Дејвис нашите цели за сезонава остануваат исти, изјави Михајловски за официјалната страна на клубот.