Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Давид Дејвис се враќа во Вардар

Давид Дејвис се враќа во Вардар

После заминувањето на Веселин Вујовиќ, јасно беше дека Вардар мора да најде замена за него како главен тренер на тимот. Одлуката падна на познато име, се работи за Давид Дејвис кој и во минатото беше дел од клубот. Вардар и официјално го претстави како нов тренер кој ќе работи со тимот во пролетниот дел од сезоната.

Шпанецот Давид Дејвис Камара во пролетниот дел од сезоната ќе го предводи тимот на Вардар1961. Повеќекратниот македонскиот шампион и двоен европски првак го реши прашањето на тренерското место со ангажирањето на 45 годишниот Дејвис кој по пауза од повеќе од три години повторно се враќа во Скопје.
Дејвис ќе остане во Вардар до крајот на сезонава по што управата и тренерот ќе разговараат за продолжување на соработката. Тој во периодот од 2014 до 2018 година беше дел од Вардар и заедно со Раул Гонзалес на клупата ја освоија првата шампионска екипа за „црвено-црните“ и уште еднаш играше на Ф4 турнирот во Келн. Работеше и како дел од женскиот тим на Вардар. Потоа беше и помошник во репрезентацијата на Русија, селектор на Египет, а последниот ангажман му беше како тренер на Веспрем.