Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Никола Величковски трет најдобар голгетер во кадетската лига, прв во Вардар
Никола Величковски трет најдобар голгетер во кадетската лига, прв во Вардар

Никола Величковски трет најдобар голгетер во кадетската лига, прв во Вардар

Вардаровите кадети се пласираа на шесттото место во есенскиот дел од сезоната. Оваа екипа сезонава настапува со променлив состав од играчи родени 2004 и 2005 година. Токму еден од помладите се наоѓа на врвот на листата на најдобри стрелци за кадетите. Се работи за Никола Величковски кој во овој дел од сезоната успеа да постигне 9 голови. Кои се останатите играчи кои се запишуваа во листата на стрелци за кадетите.

1. Никола Величковски  -9

2. Левент Ибраим  -3

3. Теодор Перковски и Филип Јовановски  -2

4. Никола Анчевски, Стефан Стојановски и Кристијан Таневски   -1

Величковски се наоѓа и во ТОП-3 најдобри голгетери во кадетската лига. Пред него се само Зани Назифи (Шкендија) и Димитар Трајков (А.Пандев) кои имаат по 12 погодоци.