Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар се „прошета“ низ Делчево, висока победа со 64 поена кај Клубски П.
ЖКК Вардар се „прошета“ низ Делчево, висока победа со 64 поена  кај Клубски П.

ЖКК Вардар се „прошета“ низ Делчево, висока победа со 64 поена кај Клубски П.

Вчера во рамки на 3.коло од Првата лига, женскиот кошаркарски тим Вардар гостуваше во Делчево. Девојките на Жаклина Стојановска ја совладаа екипата на Клубски Патриот 2016 со високи 64.поени предност, победата дојде со резултат 26-90.

Веќе по првата четвртина црвено-црните дами најавија дека единствено прашање на вчерашниот меч е колкава ќе биде разликата на крајот. По првите 10.минути водевме со 6-22, речиси идентичен скор имавме и во вториот прериод па на одмор заминавме со 31 поен позитива. Стојановска ги ротираше петорките помеѓу периодите.

zkk2

За време на паузата на семафорот во салата „М.М-Брицо“ во Делчево стоеше  13-44. Третиот период го искористивме да дојдеме до „50-ка“, па во последниот дел го започнавме со резултат 20-70.  Четвратата, четвртина беше само рутина за нашите девојки кој додадоа нови 14.поени на разликата.

По три кола со максимални 6.бода сме лидери на табелата, зад нас е Бадел со 5.бода и пораз во меѓусебен дуел со нас. Во следното 4.коло ќе бидеме домаќини на Пробаскет Академија.