Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 8.коло! Вардар и другите фаворити до победа, во следното коло меѓусебни дуели на водечките 4 тима
Преглед 8.коло! Вардар и другите фаворити до победа, во следното коло  меѓусебни дуели на водечките 4 тима

Преглед 8.коло! Вардар и другите фаворити до победа, во следното коло меѓусебни дуели на водечките 4 тима

Изминатиот викенд се одигра 8.коло во женската Супер ракометна лига.  Нашите ривали за врвот Куманово и Чаир дојдоа до лесни победи, Металург беше слободен ова коло. Тимот на Стружанка е во форма реди успеси па дојде зад водечката четворка. Алушовски врза нов меч без пораз па во последните две кола собра 4.бода.

Вардар беше домаќин на Ѓорче Петров, во однапред впишан меч како успех, одлично одигравме. Ристова даде шанса на дел од девојките со помала минутажа, ротираше и го одржуваше темпото. Победата дојде со резултат 33-10. Кај нас  по шест гола имаа капитенот Диневска и Трпевска, голманките Илиќ и Трајкоска имаа по 8.интервенции. Резултатите изгледаат вака:

По 8.кола на врвот се со максимални 21.бод тимовите на Куманово и Металург, а пак нашиот Вардар и Чаир се со 18.бода на позициите зад нив. Интересно е што во следното 9.коло првата „четворка„ игра помеѓу себе. Металург гостува кај тимот на Чаир, црвено-црните дами ќе одиграат гостински меч кај Куманово. Овие мечеви се играат во четврток, 7.ноември.