Нова третта победа по ред за девојките на Жаклина Стојановска во женската кошаркарска сениорска лига . Денес црвено-црните девојки гостуваа во Крива Паланка кај истоимениот женски тим и дојдоа до убедлива победа.
До максимален ефект по 3.рунди дојдовме со одлична игра на мечот на кој бевме фавориот. Уште по првата четвртина поведовме, потоа од период во период само ја зголемувавме предноста. На одмор помеѓу двете полувремиња имавме високи 26.поена позитива. Победата дојде со 42.поена позитива, односно ЖКК Вардар победи со резултат 68-110.