Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > „Слатка одмазда“ за Њу Старс, кадетите на ФК Вардар со пресврт стигнаа до три бода и продолжување на победничката серија
„Слатка одмазда“ за Њу Старс, кадетите на ФК Вардар со пресврт стигнаа до три бода и продолжување на победничката серија

„Слатка одмазда“ за Њу Старс, кадетите на ФК Вардар со пресврт стигнаа до три бода и продолжување на победничката серија

Кадетите на ФК Вардар продолжуваат со победи. Денес на теренот на „Академијата“ момците на Филип Ивановски во рамките на 6.коло од кадетската лига ја победија екипата на Њу Старс. Конечниот резултат гласеше 2:1.

Вардарци на најдобар можен начин му врати на Њу Старс за елиминацијата од Купот, па денес успеаа да го победат овој противник и со резултатски пресврт. Иако и во првиот дел имавме неколку прилики сепак не успеавме да погодиме, а на краток одмор се замина со почетниот резултат 0:0.

По само четири минути игра во вториот дел, гостинската екипа преку Никола Миткоски да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Нашите надежи не се откажаа од помислата да стигнат до бодовите на овој дерби натпревар, со оглед дека Њу Старс пред ова коло имаше три бодови помалку од Вардар. Во 57 минута успеавме да го израмниме резултатот со голот на Дарио Јовановски. Иницијативата ни донесе уште еден погодок, се играше 80 минута од дуелот кога Петре Тасевски ја затресе мрежата на противникот и да донесе водство од 2:1.

Ова е голема победа за Вардар кој сега има максимални 18 освоени бодови, додека за Њу Старс ова е втор пораз сезонава, па на тој начин Вардар се одлепи на врвот на табелата во кадетската лига.

ФК Вардар: Јовчев, Јовановски, Трајковски, Ѓорѓиевски, Ѓоргоски (К), Трпезановски, Живков, Стојановски, Тасевски, Андрески, Марковски.

Во игра влезе и Алек Саит.