Вчера во малата сала „Кале“, ЖКК Вардар лесно го совлада тимот на Работнички во средба на двата скопски тима во 3.коло од Суперлигата. Девојките на Наков успеаа да победат со високи 91-49 (25-9, 26-10, 21-12 и 19-18).
Отворивме со 4-0 со поените на Деловска и Петрушевска, вардарки покажаа дека ќе доминираат со тоа што брзо поведоа со 13+ (14-1) во 5.минута. Првиот период го добивме со високи 25-9, ништо не се смени ни во втората четвртина па на пауза заминавме со предност од 51-19. Се беше формалност во вториот период, поголем дел од ростерот доби прилика на оваа средба. Победата дојде со резултат 91-49.
Прв поентер кај црвено-црните дами беше Подунавац Анастасија 18.поени (5.скока), втор стрелец беше капитенот Деловска Симона со 16.поена (6.скока), потоа следуваше Пејковска со 11.поени (8.асистенции) и последна двоцифрена во нашиот тим беше Нина Зафирова, која исто така уфрли 11.поена.