Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Соперниците нека му ја мислат, Нуров утре започнува со настап на ЕП
Соперниците  нека му ја мислат, Нуров утре започнува со настап на ЕП

Соперниците нека му ја мислат, Нуров утре започнува со настап на ЕП

Европското првенство  во борење за сениори ќе се одржи од  утре, 19април до 25 април 2021. Град домаќин на истото е  Варшава -Полска. Република Македонија ќе ја претставуваат четири борачи само во слободен стил (без претставници во грчко-римски и женско борење ) и тоа:

61кг: Владимир Егоров,
70кг: Фати Вејсели,
79кг: Дејан Митров и нашиот
97кг: Магомедгаџи Нуров

После денешната жрепка, која воопшто не е поволна за нашиот Вардарец, сепак остануваме оптимисти и се надеваме на медал. Во првото коло Нуров ќе се сретне со стариот познаник Одикадзе ( Грузија ).
Со евентуална победа во второто коло во 1/4 финалето би требало да се сретне со одличнит Белорус, Хуштин  и после евентуално во 1/2 финале против Саритов ( Романија).

received_220128639909078 received_117125107042271

Многу лошо и хендикеп е што веќе подолг период намерно, никој од Боречката Федерација на Македонија, не ги акредитира нашите стручни лица, тренерите кои се инволвирани во тренажниот процес на нашиот шампион , а праќаат личност да му секундира и да се претставува како успешен тренер кој во никаков случај не е во никаков контакт и не придонесува во развој на спортската кариера на нашиот борач.

174744466_213187400179178_2811134714055621453_n
Поради пандемијата со Корона вирусот, организаторот ќе го спроведе Европското првенство без публика и “без страни лица” , така да нашите стручни лица нема да можат да го придружуваат Нуров ниту од дистанца ( што досега постојано го правеа на сите натпревари , па резултатите беа видливи). Истите дадоа свои видувања:

Могамед Ибрагимов :
” На Нуров токму оваков тежок жреб му беше потребен, како контролни борби и увертира пред Олимпијадата .
Немајќи возможност да учествува на неколку одложени предолимписки турнири, ова Европско ќе биде последен тест пред возможноста на Олимпијадата да се освои медал “.
Гајдар Гајдаров :
” Нуров ги одработи успешно сите планирани подготовки со Дагестанската репрезентација, немаше доволно контролни борби , но време е да се истакне со својата врвна форма “.
Љубиша Пешко :
” Тешкиот жреб и сериозните соперници воопшто не не засегаат, Нуров е во одлична форма, соперниците нека не спијат спокојно и нека му ја мислат . Јас сум задоволен и со 2 победи . “

received_1055683748172484