Ништо од првата пролетна победа на Вардар. Попладнево во Струмица, екипата на Академија Пандев ја однесе победата со убедлив резултат 3:0 (3:0). Се беше јасно уште по првото полувреме, кога беа досудени два пенали за домаќинот.
Водство на домаќинот му донесе Радески во 14.минута од пенал. Вториот гол беше дело на Крстовски во 28.минута, додека пак втор реализатор од пенал беше Стоилов во 35.минута за убедливи 3:0. Во второто полувреме, Џиџи направи три замени на самиот старт, но и тие не донесоа некој голем новитет во играта на Вардар. На крајот, мрежите мируваа во вториот дел , па така со резултат 3:0 заврши дуелот.
Вардар во следното коло на домашен терен ја пречекува екипата на Беласица.